Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европската комисија бара постапка против Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryj661ur39kgq35OHPXof
unsplash

Европската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен буџетски дефицит против Бугарија, откако било утврдено дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија.

— реклама —

Ова го потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, по состанокот на Советот за економски и финансиски прашања (ЕКОФИН) во Луксембург.

Според Домбровскис, Европската комисија ја анализирала буџетската состојба во повеќе земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во однос на буџетскиот дефицит.

— реклама —

Согласно правилата на Европската Унија, постапка за прекумерен дефицит може да биде отворена кога буџетскиот дефицит на една држава ќе надмине три проценти од бруто-домашниот производ, додека јавниот долг ќе ја надмине границата од 60 проценти од БДП.

— реклама —

Во рамки на постапката, на земјата ѝ се определува рок во кој треба да преземе мерки за враќање на дефицитот во дозволените рамки.

Предлогот на Европската комисија сега ќе биде разгледуван од земјите-членки на Европската Унија во понатамошната процедура.

— реклама —

Доколку Бугарија не постапи согласно препораките на Брисел, можно е да се соочи и со финансиски санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydpqi2912p5fn4XnUYXr

Лажен лекар од Бугарија мамел пензионери во Хрватска: Им кажувал дека децата им се повредени, па им земал 66.250 евра

Свет | пред 2 дена

— реклама —
jabolka

Бугарија враќа 19 тони јаболка од Македонија поради зголемено количество пестициди

Балкан | пред 1 седмица

ilijana-jotova

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија: „Господине Радев, без вас немаше да успееме“

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryb9dli1v36cpnecj0Eyi

Бугарите денеска избираат претседател: Во трката Илијана Јотова и поранешниот премиер Андреј Ѓуров

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања