Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европскиот парламент денес гласа за Македонија: Ќе биде ли избришан бугарскиот протокол од извештајот?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
makedonija-evropa-eu-mkd-2

Очите на македонската и бугарската јавност денеска се вперени кон Стразбур, каде што Европскиот парламент треба да се изјасни за извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, изготвен од известувачот Томас Вајц.

— реклама —

Во центарот на вниманието е амандманот со кој се предлага бришење на ставот 73 од извештајот, во кој се споменува Вториот протокол од Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.

Доколку европратениците го поддржат предлогот на Вајц, во конечниот текст на извештајот повеќе нема експлицитно да се наведува Вториот протокол, што предизвика остри реакции во Софија.

— реклама —

Бугарските претставници оценија дека ваквиот потег претставува обид за релативизирање на обврските што произлегуваат од билатералните договори и од преговарачката рамка на Европската Унија.

— реклама —

Во пресрет на денешното гласање, бугарската страна повторно ги актуализираше обвинувањата за наводни инциденти и напади врз лица и имот поврзани со Бугари во Македонија, посочувајќи ги и неодамнешните случаи на опожарени возила.

Иако извештаите на Европскиот парламент немаат обврзувачка сила, тие се сметаат за важен политички показател за оценките на европските институции за напредокот на земјите кандидати и за прашањата што влијаат врз нивниот евроинтегративен процес.

— реклама —

Поради тоа, исходот од денешното гласање внимателно се следи и во Скопје и во Софија, бидејќи може да испрати значајна политичка порака во пресрет на следните чекори на Македонија на патот кон членство во Европската Унија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Македонија | пред 5 дена

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Македонија | пред 5 дена

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања