Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Европскиот парламент го критикуваше Зеленски поради одлуката за воената единица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Европскиот парламент со големо мнозинство усвои амандман на извештајот за Украина, во кој го критикува украинскиот претседател Володимир Зеленски поради одлуката една елитна воена единица да се преименува по Украинската востаничка армија (УПА).

— реклама —

Одлуката предизвика нови тензии меѓу Киев и Варшава, откако Зеленски на 26 мај на воената единица ѝ го додели името „Херои на Украинската востаничка армија“.

— реклама —

УПА во текот и по Втората светска војна водеше борба за независност на Украина од Советскиот Сојуз, но во Полска нејзиното наследство останува крајно контроверзно поради улогата на дел од нејзините припадници во масовните убиства на десетици илјади етнички Полјаци.

Во амандманот, поднесен од полскиот европратеник Анджеј Халицки, се наведува дека Европскиот парламент „жали поради неодамнешната непотребна и неиспровоцирана ескалација“ од страна на Зеленски со преименувањето на елитната единица по УПА.

— реклама —

Во текстот се додава дека Европскиот парламент жали што не биле земени предвид чувствата и болката на Полска, особено имајќи ја предвид силната поддршка што Варшава ѝ ја дава на Украина во одбраната од руската агресија.

— реклама —

Амандманот беше усвоен со 592 гласа „за“ и 42 „против“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања