Промени тема
Контакт

Фатени дрвокрадци кај Струмица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
shumska-policija

Полицијата во Струмица уапси две лица кои со возила превезувале бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација. Возилата и дрвата им се одземени, а против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

На 17.09.2025 во 21:00 часот на брана „Водоча“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.Д.(44) од село Рич, струмичко. При контрола на патничко возило „киа“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Д., констатирано е дека во возилото превезува бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.

— реклама —
— реклама —

Истиот ден во 22:20 часот на брана „Водоча“ од слобода е лишен и С.И.(45) од Струмица, кој во товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, исто така, превезувал бесправно исечени огревни дрва без соодветна документација.

— реклама —

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица, за настаните е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Од Шумска полиција Струмица возилата и дрвата се одземени и по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nesrekja-avtobus-kola

(Фото) Се судрија автобус на ЈСП и дрвокрадци на патот Шутка за Оризари

Скопје | пред 2 години

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања