Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Фејсбук, Инстаграм и Вотсап со нови премиум пакети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
zabrana

Компанијата Мета најави воведување на неколку нови платени претплати за своите платформи Фејсбук, Инстаграм и Вотсап, како и тестирање на премиум пакети за вештачката интелигенција Мета АИ.

Директорката за производи во Мета, Наоми Глајт, соопшти дека новите пакети „Facebook Plus“, „Instagram Plus“ и „WhatsApp Plus“ ќе понудат дополнителни функции за корисниците. Според информациите на „ТекКранч“, претплатите за Фејсбук и Инстаграм во САД ќе чинат по четири долари месечно и ќе бидат наменети за напредни корисници, овозможувајќи подобра контрола врз видливоста на содржините и подетални аналитички податоци за досегот на објавите.

— реклама —

Пакетот „WhatsApp Plus“, кој ќе чини три долари месечно, ќе биде фокусиран на персонализација и размена на пораки, со дополнителни теми, ексклузивни налепници и поголем број фиксирани разговори.

— реклама —

Во меѓувреме, Мета ќе започне тестирање и на платени претплати за својата платформа за вештачка интелигенција. Во Сингапур, Гватемала и Боливија следниот месец ќе бидат тестирани пакетите „Meta One Plus“ и „Meta One Premium“, чија цена во САД ќе изнесува осум, односно 20 долари месечно. Премиум-верзијата ќе нуди повисоки лимити за користење, додека основните функции на Мета АИ ќе останат бесплатни.

— реклама —

Компанијата најави и дополнителни пакети под називите „Meta One Essential“ и „Meta One Advanced“, кои ќе бидат насочени кон креатори на содржини и инфлуенсери. Овие претплати ќе вклучуваат верификуван статус и алатки за проширување на публиката на платформите на Мета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

meta

Мета отпушта 10 проценти од вработените и се фокусира на вештачка интелигенција

Магазин | пред 1 седмица

— реклама —
meta

„Мета“ се заканува со укинување на платформите во Ново Мексико поради судски спор

Свет | пред 4 седмици

meta

ЕУ: „Мета“ под лупа – деца под 13 години користеле Фејсбук и Инстаграм, Комисијата најавува построги мерки

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-31-at-21.35.10

Историски процес во САД: Тужби дека Инстаграм намерно создава зависност кај младите

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања