Фекални бактерии во мусаката и на чешмите, во носот на вработена во „Димо Хаџи Димов“ најден Стафулококус ауреус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryo1gubl020hkl6c85eYe

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, информираше за нови наоди од истрагата за стомачните тегоби кои се појавија кај учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов” во скопски Карпош.

— реклама —

Институтот соопшти дека во примерок од мусаката која се служела во првата смена биле пронајдени грам-негативни бактерии од групата Enterobacteriaceae. Исти бактерии, кои се индикатор на фекална контаминација, и предизвикуваат дијареа, повраќање, болки во стомакот, се откриени и на три чешми во училиштето – две во училниците и една во кујната.

— реклама —

„Од девет земени површини, три се позитивни, чешмите во две одделенија и една од кујната. Најдени се бактерии од групата Enterobacteriaceae. Овие бактерии даваат ваква клиничка слика каква што имаат веќе заболените, и укажуваат на нехигиена. Донесени се материјали за две деца од фецес, е едно е позитивно на норовирус, вирус кој се пренесува многу лесно и долго време живее на работните површини, како што се маси, столчиња. Брисевите од грло и нос од пет деца во текот на вчерашниот ден се негативни за ковид, а се чекаат резултати за други вируси“, изјави Андоновска.

— реклама —

Во носот на една вработена во кујната најден е Стафулококус ауреус, кој исто така може да предизвика ваква симптоматологија.

Андоновска рече дека досега имаат 29 пријави од ученици и една пријава од наставничка. Во болницата моментално се сместени седум деца и сите во добра и стабилна состојба.

Во меѓувреме, инспектори од АХВ спроведоа вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Општина Карпош, кои се снабдуваат од истиот оператор со храна, кој го стопанисува и централниот магацин во „Димо Хаџи Димов“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryoepo6p4phpe53JaqnxH

ИЈЗ: Во ниту едно училиште во Карпош нема патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryj3q8c2hbucfk7y2PjNu

Нејасна причина за масовните стомачни тегоби во училиштето во Влае: болни се и ученици кои не јаделе училишна храна

Македонија | пред 2 месеци

uciliste-skolo-deca-ucenici-4

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ по масовно труење на ученици, меѓу нив и помладиот син на премиерот

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања