ИЈЗ: Шест деца од „Димо Хаџи Димов“ се позитивни на норовирус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

Комплетно се завршени анализите на мострите од вода земени од ООУ „Димо Хаџи Димов“ и физичко-хемиската анализа и микробиолошката анализа се во рамките на реферетните вредности, а тешки метали не се пронајдени, соопшти Институтот за јавно здравје.

— реклама —

„Како што претходно известивме за резултатите од мостри од храната и од работните површини, најдени се фекални бактерии enterobacteriacea во мусаката и на неколку површини од кујната и училиштето кои укажуваат на нехигиена во училиштето и во кујната. Од добиените 7 примероци на биолошки материјал кои ги имаме примено во ИЈЗ од децата кои јавиле симптоми, 6 се позитивни на норовирус“, стои во соопштението од ИЈЗ.

— реклама —

Норовирусот, познат е и како зимски стомачен вирус.Норовирусот е заразен вирус и предизвикува акутен гастроентеритис или воспаление на желудникот и цревата. Се манифестира со повраќање и дијареја, и е една од најчестите причини за масовни труења со храна и стомачни инфекции во училишта, градинки и домови за стари лица.

— реклама —

Ако детето покаже симптоми на норовирус веднаш треба да се побара медицинска помош. Лекувањето вклучува внесување на течности и електролити, антибиотиците не се ефикасни, бидејќи ова е вирусна инфекција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Македонија | пред 2 седмици

media-library8gtf2khhkln2dyojvVR

Зголемен бројот на заболени од грип во Македонија – можно продолжување на зимскиот распуст

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryoepo6p4phpe53JaqnxH

ИЈЗ: Во ниту едно училиште во Карпош нема патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryngqb89nsepb68CSxOqc

ИЈЗ: Водата во ООУ„Димо Хаџи Димов“ е безбедна, бактерии има во храната и кујната

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања