Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ферати бара заеднички пристап за поголема безбедност на спортските натпревари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1la0oie6kg3q5avK1qC

Министерот Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, Фудбалската федерација на Македонија, фудбалски и кошаркарски клубови, како и со претставници на навивачките групи на албанските и македонските клубови.

— реклама —

На средбата се разговараше за состојбите и предизвиците поврзани со безбедноста на спортските терени и во спортските сали, како и за непреченото одржување на натпреварите. Посебно внимание било посветено на спречувањето инциденти, тензии и навреди врз етничка и верска основа.

— реклама —

Ферати ја нагласи потребата од постојана соработка меѓу институциите, спортските федерации, клубовите и навивачите, со цел стадионите и спортските сали да бидат места за спортско ривалство, почит и позитивна атмосфера.

— реклама —

„Можеме да бидеме ривали за време на натпреварот, но по неговото завршување сите се враќаме во истото општество. Силно навивање, гласна поддршка и спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не“, порача Ферати.

— реклама —

Тој истакна дека средбата треба да биде чекор кон изнаоѓање конкретни решенија и зајакнување на соработката меѓу сите засегнати страни за создавање побезбедна и попочитувана атмосфера во спортот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhqnrsl4nhbmb95xhvRr

Ферати: Целта ни е да го решиме проблемот со вработените со договор и да го заштитиме нивното достоинство

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryvv3jgs2m6atm9SlL3gM

Министерот Ферати: 25 години од Охридскиот рамковен договор, фокус кон иднината, владеењето на правото и младите

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykfsk4ip1805j6DkAtlv

Министерот Ферати се сретна со турскиот амбасадор, во фокусот соработката меѓу двете земји

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryiidofvacajs83xzMCPK

Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања