Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ферати: Целта ни е да го решиме проблемот со вработените со договор и да го заштитиме нивното достоинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryhqnrsl4nhbmb95xhvRr

Mинистерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, соопшти дека во собраниска процедура ќе биде предлог-законот со кој се предвидува решавање на статусот на вработените со договор во администрацијата, овозможувајќи им засновање работен однос на неопределено време.

— реклама —

Ферати истакна дека по решавањето на прашањето за вработените со договор во здравствените установи, заложбите ќе продолжат и за другите категории вработени кои со години се соочуваат со овој проблем.

— реклама —

„Во собраниска процедура ќе биде предлог-законот за решавање на прашањето на вработените со договор во администрацијата, со цел да се обезбеди трајно решение за нивниот работен статус“, изјави Ферати.

— реклама —

Според него, целта на овој предлог-закон е да се реши проблемот со несигурното вработување и да се спречи нарушувањето на достоинството и правата на вработените од страна на раководителите на институциите.

Ферати додаде дека коалицијата ќе се заложи за целосна примена на законот, со цел успешно решавање на ова прашање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library1la0oie6kg3q5avK1qC

Ферати бара заеднички пристап за поголема безбедност на спортските натпревари

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryvv3jgs2m6atm9SlL3gM

Министерот Ферати: 25 години од Охридскиот рамковен договор, фокус кон иднината, владеењето на правото и младите

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykfsk4ip1805j6DkAtlv

Министерот Ферати се сретна со турскиот амбасадор, во фокусот соработката меѓу двете земји

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryiidofvacajs83xzMCPK

Зајакнувањето на институционалните капацитети, тема на средбата меѓу министерот Ферати и ИФЕС

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања