Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Парите на Ѓаволот му пресудија на Стафа: призна вина за митото, доби 15 месеци затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryv27a6hhd80o64Ze2F5s

Ексдржавниот правобранител Фехми Стафа признал вина за примање поткуп и се спогодил со Обвинителството на затворска казна од една година и три месеци. Тој прифатил дека од октомври до декември примил 50.000 евра за да посредува и влијае врз судија од Апелација Скопје за укинување/измена на мерка притвор. Обвинителството утврдило дека првично барал 100.000 евра, а парите ги земал во рати; дел биле предадени во координација со МВР, по што бил фатен и уапсен на 13 декември. Стафа е адвокат на Љупчо Пецов–Ѓаволот („Синџир“), за кого наводно требало да се укине притворот, а неофицијално соработува во откривање корупција во правосудството.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Ексдржавниот правобранител, сега адвокат, Фехми Стафа, признал вина дека примил поткуп и се спогодил со Обвинителството да одлежи казна затвор од една година и три месеци, дознава „Скопје1“.

Според пресудата, тој не го оспорил обвинението дека во периодот од октомври до декември минатата година примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје. Целта била судијата да преземе службено дејствие што не смеело да се изврши, односно да се измени или укине мерка во предмет против бизнисменот Љупчо Пецов – Ѓаволот.

— реклама —

Во јавноста веќе беше објавено дека Стафа преку судијата Ѓоко Ристов требало да обезбеди укинување на притворот за Пецов. Ристов, пак, е судија кој е осомничен во друг случај, откако во домот на неговите родители беа пронајдени околу 350.000 евра сокриени во ѕид. Неофицијално, Стафа соработува со Обвинителството во откривање на други случаи на висока корупција во правосудството.

— реклама —

Обвинителството утврдило дека Стафа првично побарал 100.000 евра, а потоа во неколку наврати примал делови од сумата, при што вкупно му биле исплатени 50.000 евра. Дел од парите биле предадени по претходен договор со МВР, по што Стафа бил фатен на лице место и приведен.

— реклама —

Стафа беше уапсен на 13 декември минатата година. По изрекувањето на пресудата, се очекува да биде префрлен на издржување на казната во затворот „Скопје“ во Шутка, додека досега се наоѓа во затворот во Куманово.

Лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е осомничениот во случајот „Синџир“, Љупчо Пецов, познат како Ѓаволот. Стафа, кој воедно е негов адвокат во овој предмет, претходно поднел барање за замена на притворот со куќен притвор во отсуство на Пецов, при што била понудена и гаранција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library55pa1pgudiln2ipupBI

Ќе му се суди на ексдржавниот правобранител Стафа оти тргна да “средува” со судија за притворот на Ѓаволот

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarycamf6fn7pbc43mfRuk9

Кој е Фехми Стафа: Од државен правобранител до осомничен за судска корупција

Македонија | пред 4 месеци

policija-2457

Се бара притвор за Фехми Стафа: бил фатен со парите кои ги побарал и добил за да влијае на судија

Македонија | пред 4 месеци

media-library0dgc1kt8col44DswDr1

Судска корупција на дело: Ексдржавниот правобранител Стафа осомничен за примање поткуп и влијание врз Апелација со 50.000 евра

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања