Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
21082024-Mickoski-1

Претседателот на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.

— реклама —

„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ - рече претседателот Филипче.

— реклама —
— реклама —

Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.

— реклама —

„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ - рече претседателот Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања