Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче до Мицкоски: За јазикот и идентитетот никогаш не се преговарало, тие се потврдени со документи во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Venko-Sobranie-SDSM-2

На денешната седница на пратенички прашања, потпретседателот на СДСМ Венко Филипче се обрати со сериозно предупредување до премиерот Мицкоски и Владата во врска со најавите за можно прифаќање на амандман во Европскиот парламент што би го релативизирал статусот на македонскиот јазик.

„Се поставува прашањето: дали е загрозен јазикот и идентитетот?“ – праша Филипче.

— реклама —

Тој потсети на конкретни документи кои јасно го утврдуваат македонскиот јазик како рамноправен, без какви било условувања.

„Ќе цитирам неколку документи кои што се дел и од францускиот предлог, и од документи од Европската унија, и заклучоци донесени тука, во Собранието, во 2022 година. Првиот документ се заклучоците на ЕУ за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, без никакви услови за јазикот и идентитетот.

— реклама —

Понатаму, самата Преговарачка рамка, каде македонскиот јазик е експлицитно наведен, без никакви додавки, ѕвездички или фусноти. И потпишаниот договор со ФРОНТЕКС – на чист македонски јазик,“ рече Филипче.

Тој предупреди дека за првпат постои реален ризик во Европскиот парламент да помине извештај со нејасно означување на македонскиот јазик.

„Во Европскиот парламент, за првпат има сериозен ризик да помине извештај во кој што јазикот некако дополнително се означува. Ние направивме силна кампања во 2022 година. Тогаш беше едностран, напишан тој извештај од тогашниот известувач за Македонија – тоа беше бугарскиот европратеник Ќучук, кој што го запревме,“ рече Филипче.

— реклама —

Тој подвлече дека било какви измени што би довеле до нови условувања или дополнувања пред македонскиот јазик се директно спротивни на собраниските заклучоци.

„Поради тоа што таква додавка пред македонскиот јазик и нација оди спротивно на заклучоците кои што ова Собрание ги донело – а тоа е дека во ниту еден контекст, во ниту еден момент, ниту за јазикот, ниту за културните, ниту за историските одредници – никој нема право да преговара. За јазикот никогаш не се преговарало. Тоа биле нашите црвени линии. И затоа е таков – чист – јазикот: без фусноти, без додавки, без ништо. И таков е и така е во буквално сите документи,“ рече Филипче.

На крај, тој апелираше до премиерот за итна институционална реакција и координација.

„И последната работа – во однос на тоа што сега се случува во Европскиот парламент: тогаш, премиере, ни треба сериозна координација на ниво на Парламентот. Сите институции да ги обединиме силите за таков амандман да не помине во Европскиот парламент. Поради тоа што веќе се содржи во сите документи кои што ги гласало ова Собрание – дека таква работа не смее да се случи,“ истакна Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања