Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Носителот на листата во изборна единица 4 вчера вечер присуствуваше на отворање на нов изборен штаб во Прилеп. Пред неколку стотини присутни во победничка атмосфера, Филипче потсети на работата на Владата и кризите со кои се соочуваше државата изминатите години.

„СДСМ имаше тешки седум години владеење во исклучителен кризен период во светот и регионот. Ниедна влада не се борела со три последователни кризи. Се боревме со Ковид, па со економска криза, па на крајот и со енергетската. Згора на се, одлучно се нафативме да ги решаваме клучните стратешки прашања за земјата. Ова не е алиби за дел од грешките кои ги правевме и мора да ги исправиме во иднина, но е сериозна потврда за издржливоста и напорната работа која ја вложивме. Милиони и милиони евра директно ги вративме кај граѓантие по основ на покачени плати, финансиски олеснувања и шест пакети антикризни мерки. Сите политики на СДСМ беа насочени да може полесно заеднички сите да ги пребродиме кризите. И ова не е малку, ниту беше лесно. Заради ова, ние имаме право да побараме поддршка од граѓаните со крената глава“ - истакна Филипче пред прилепчани.

— реклама —

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква реална промена, тоа се истите луѓе кои порано биле во третиот ешалон во владите на Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква промена и тоа граѓаните го знаат и го гледаат. Најголем дел од луѓето ќе ви кажат дека не гледаат никаква алтернатива во ВМРО-ДПМНЕ кое ги нуди истите кадри и политики од пред 2017 година. ВМРО ДПМНЕ имаат една единствена цел, како да ги остварат личните и партиски цели. Ним им се само важни политички кариери и владини фотелји, граѓаните ќе ги заборават преку ноќ ако дојдат на власт. Со право многумина велат дека тие биле најдеструктивната опозиција во историјата на македонскиот парламент. Нема што не блокираа за политички поени, од антикризни мерки до финансиска поддршка за граѓаните во време на пандемија.

— реклама —

Погледнете го Прилеп и градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, дали се прилепчани задоволни? Секако дека не се, ова е само пример како ќе работи ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво доколку дојде на власт“ - рече Филипче.

— реклама —

Тој се осврна на програмата која што вчера ја презентираше СДСМ и потсети на бенефитите кои земјоделците а посебно тутунарите ги имаа од владеењето на СДСМ.

„Во 2014 година просечната откупна цена на тутунот била 117 денари за килограм, сега имаме за над 200% повисока откупна цена. Бербата на тутунот заврши со историски највисока просечна цена од 365 денари за килограм. Со новата програма предвидуваме субвенција од 6.000 денари по хектар за тутунарите. И затоа имаме право да бараме глас во Прилеп, затоа што зад нас имаме резултати.“ - истакна Филипче.

— реклама —

Тој на крајот порача дека само обединет СДСМ може да победи и дека е време сите да ги остават суетите на страна и да застанат зад заедничакта цел - победа на изборите.

„Јас верувам дека можеме да направиме резултат кој никој не верува дека ќе го направиме. Но, за тоа прво ни е потребна една работа, еден предуслов, да бидеме обединети. Нашите противници не делат и во медиумите не претставуваат како поделени, тоа е во нивни интерес. Ниеден член на СДСМ, ниеден симпатизер нема корист ако партијата е поделена, од тоа корист имаат само оние кои ни мислат добро. Јас знам дека на крај ќе излеземе обединети и ќе им го покажеме местото“ - заклучи Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања