Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Филипче: Фалат пари во буџетот за исплата на плати и пензии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
denari

Венко Филипче предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и особено пензии, тврдејќи дека „дупката“ во пензискиот фонд пораснала на 50% (од 30% кога СДСМ ја оставила). Тој оцени дека буџетот е нереален и неразвоен, неспособен да издржи криза, поради пад на странските инвестиции на околу една третина од претходното ниво и сериозен дисбаланс меѓу приходи и расходи, за што ја обвини владата на ВМРО.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „На Подиум“ на Ора24.тв, предупреди дека во буџетот недостасуваат средства за редовна исплата на плати и пензии, поради лошо поставените економски политики на владата на ВМРО.

„Нашите анализи кои што потекнуваат од експерти во финансии, кои се реални прогнози, покажуваат дека ќе има огромен недостаток на финансиски средства за да се исплатат плати и посебно пензии, затоа што дупката во пензискиот фонд е 50%. Ние ја оставивме со 30%. За 20% се зголеми дефицитот од пари во пензискиот фонд, не знам како ќе иде исплатата на пензиите“, рече Филипче.

— реклама —

Притоа, Филипче посочи дека  СДСМ уште кога се носеше буџетот предупредуваше дека е нереален и не може да одговори на кризни состојби.

— реклама —

„Дали ќе се преброди една криза или не, зависи од однесувањето на владата. Ние предупредивме на почетокот на годинава, крајот на минатата година, кога се носеше буџетот, дека буџетот ниту е развоен, ниту може да издржи криза. Не е развоен, затоа што немаше доволно странски инвестиции. Тие се донесени на една третина. Во наше време беа милијарда и 200 милиони евра во 2024 година, како резултат на нашите политики, консекутивните тие години. Сега, на третина се донесени странските инвестиции“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека буџетот е лошо испланиран, со сериозен дисбаланс помеѓу приходите и расходите.

„Огромна е разликата помеѓу приходната и расходната страна. Оваа влада мисли само на расходната страна затоа што тие можат да искористат. Како ќе ги соберат приходите? Уукажавме дека не е соодветно тоа е испланирано. Еве дојде криза, еве гледаме дека не можат ништо да направат, ниту пак имаат желба.Оваа влада не се интересира ниту за граѓаните, ниту за државата“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library28ao0od2a8321jN9lKC

СДСМ обвинува: Мајки со бебиња остануваат без денар – породилното доцни со недели

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
sud1d-22974-960x632-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија вложува најмногу во правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија | пред 4 месеци

krazhba-na-kola

Кражба во Центар – обиен мерцедес и украдена актовка со пари и документи

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryv5lm30bt7qsb3KlOv0i

Јарец, Девица, Овен и Риби: Судбината им носи ослободување пред крајот на годината

Магазин | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања