Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија вложува најмногу во правосудството, а добива најмалку резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
sud1d-22974-960x632-1

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека Македонија процентуално издвојува повеќе средства од Бруто-домашниот производ за функционирање на правосудниот систем во споредба со низа европски држави, но дека резултатите од работата на судовите и обвинителствата, според нив, не соодветствуваат со вложените пари.

Повикувајќи се на податоци за буџетското финансирање на судството, партијата наведува дека земјава обезбедува 0,39 отсто од БДП за оваа сфера, што е повисок процент од Франција (0,20%), Германија (0,30%), Грција (0,26%), како и од соседна Албанија (0,29%). Според нивните податоци, Македонија вложува повеќе и од Молдавија (0,35%) и Грузија (0,23%).

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, и покрај големите издвојувања и законски обезбедените високи примања за судиите и обвинителите, правосудниот систем не испорачува соодветни резултати. Како главни проблеми ги наведуваат долгите судски постапки, одложувањата, нерешените предмети и недовербата кај граѓаните.

Паријата дополнително истакнува дека дел од судиите земаат и до три просечни плати, а во одредени случаи и повеќе, но дека ефектите од нивната работа се скромни. Оттаму сметаат дека фокусот не треба да биде само на барањата за зголемување на платите, туку на подобрување на ефикасноста и независноста на правосудството.

— реклама —

„Правосудниот систем е созреан за реформи,“ оценуваат од партијата, најавувајќи дека тие се неопходни и, како што велат, неизбежни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков: Законите за плати во правосудството се подготвуваат внимателно и во согласност со европските стандарди

Македонија | пред 7 месеци

mirjana-najcevska

Криминалците владеат со Македонија затоа што најголемите криминалци се во правосудниот систем и во заштитните тела, вели Најчевска

Коментари | пред 7 месеци

Osnoven-sud-Kumanovo

Македонија има повеќе судии од Данска, Ирска, Шведска, Франција, Шпанија и Малта: Правосудството низ бројки

Македонија | пред 9 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски: „Правосудството е последната брана на неправдите – следуваат реформи, правдата веќе не може да чека“

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања