„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Македонија има повеќе судии од Данска, Ирска, Шведска, Франција, Шпанија и Малта: Правосудството низ бројки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Osnoven-sud-Kumanovo

Иако судиите деновиве алармираат за високи оптоварувања и недоволни ресурси, официјалните европски податоци покажуваат дека Македонија има релативно голем број судии во споредба со другите држави.

Според најновиот извештај на ЦЕПЕЈ (Европската комисија за ефикасност на правосудството), нашата земја располага со околу 22,3 судии на 100.000 жители, бројка која е над европскиот просек од околу 21,9–22,2.

— реклама —

Тоа значи дека Македонија не е меѓу земјите со недостиг од судии – напротив, е во групата со повисока густина на судски кадар.

— реклама —

Дополнително, податоците покажуваат дека Македонија има двојно повеќе судии по жител отколку низа земји од Европската Унија, меѓу кои:

— реклама —
  • Данска – 6,5

  • Ирска – 3,3

  • Шведска – 11,7

  • Франција – 11,3

  • Шпанија – 11,9

  • Исланд – 16,5

  • Норвешка – 10,5

  • Малта – 9,0

Дури и последните пресметки, според кои земјава има 363 активни судии (просек 19,9 судии на 100.000 жители), ја поставуваат Македонија значително над многу европски и светски системи.

Во глобален контекст, просекот е 10,6 судии на 100.000 жители – што уште повеќе ја истакнува разликата.

Повеќе пари и повеќе судии – но без повисока ефикасност

Иако бројот на судии е висок, а судството добива стабилен дел од буџетот (0,39 отсто од БДП – повеќе од европскиот просек), ефикасноста на системот останува проблем.

Трошоците за плати значително пораснале последниве години, а судиите во Македонија земаат и до 2,7 пати повеќе од просечната плата во државата.

Сево ова укажува дека главниот предизвик не е ниту во бројноста ниту во финансиите, туку во организацијата, управувањето со предметите и внатрешната функционалност на судството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryt5ric0v46sk54AMQmj5

Филков: Законите за плати во правосудството се подготвуваат внимателно и во согласност со европските стандарди

Македонија | пред 2 месеци

mirjana-najcevska

Криминалците владеат со Македонија затоа што најголемите криминалци се во правосудниот систем и во заштитните тела, вели Најчевска

Коментари | пред 2 месеци

sud1d-22974-960x632-1

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија вложува најмногу во правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија | пред 4 месеци

media-library3r08te71nhftclSMcYi

Мицкоски: „Правосудството е последната брана на неправдите – следуваат реформи, правдата веќе не може да чека“

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања