Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филипче и Дончиќ во Загреб потпишаа Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryocbjqtf5pca36EpvliR

Во рамки на посетата на Загреб, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче и претседателот на СДП Хрватска, Синиша Хајдаш Дончиќ, потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете партии.

— реклама —

Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја потврдуваат заедничката посветеност на вредностите и принципите на европската социјалдемократија, како и определбата за продлабочување на соработката меѓу прогресивните политички сили во Европа.

Целта на Меморандумот е зајакнување и унапредување на меѓупартиската соработка преку размена на искуства, политички решенија  и заеднички придонес за развој на демократијата и социјален напредок.

— реклама —

Како клучни цели и задачи кои произлегуваат од Меморандумот, се зајакнување на демократските институции и инклузивната демократска култура, промовирање на социјалната правда, солидарноста, еднаквоста и човечкото достоинство, како и поддршка на работничките права, социјалниот дијалог и модернизацијата на социјалните политики.

— реклама —

Меморандумот предвидува соработка и размена на искуства во повеќе области, меѓу кои партиска организација и развој, креирање јавни политики, социјална и економска политика, политики за работнички права, учество на младите и жените во политиката, локално управување, зелена  транзиција, како и соработка во процесот на европска интеграција и регионална стабилност.

Соработката ќе се реализира преку конкретни активности како заеднички работни групи, конференции и тематски дебати, обуки, размена на експерти и редовни консултации меѓу партиските раководства.

Со потпишувањето на Меморандумот, СДСМ и СДП Хрватска ја зајакнуваат меѓупартиската соработка и ја потврдуваат заедничката заложба за демократска, социјално праведна и европска иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 1 ден

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања