Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Филипче: Македонскиот идентитет го загрозува криминалот и корупцијата на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, а не малцинствата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarythppdii899tk9On5Afy

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Го слушав говорот на премиерот вчера, подоцна, затоа што не сакам да ги слушам тие говори повеќе во живо, кои што се полни со небулози, кои што се полни со контрадикторности, со лаги, со клевети, вели претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

„Македонскиот национален идентитет не го загрозуваат малцинствата во Уставот. Македонскиот национален идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата. Христијан Мицкоски и неговата криминална група ВМРО мора да разберат дека граѓаните многу јасно гледаат што тие прават.

— реклама —

Намерно сакаат да ja изолираат земјава од Европа, за да ja сочуваат својата криминална банда на власт. Вметнувањето на малцинствата во Уставот со цел да се почитуваат нивните права не е загрозување на македонскиот национален идентитет. Напротив, тоа е зацврстување на нашиот национален идентитет. Кога малцинствата се дефинирани и се гарантирани со највисок правен акт на државата, тоа не не слабее туку, не прави посилни и ја зајакнува кохезијата во општеството.

— реклама —

Силна држава се прави со вклучување, не со исклучување. Единственото што е вистински загрозено со уставните измени е криминалната група на ВМРО и Христијан Мицкоски лично.

— реклама —

Затоа што продолжувањето на европскиот пат значи примена на европски закони и правда. Значи европско јавно обвинителство пред кое нема да можат да командат ниту од собраниска говорница, ниту пак преку нивните јавни телевизиски настапи. Значи крај на наместените тендери, на партискиот грабеж на државни, народни, граѓански пари.

Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја продолжат кражбата на народните пари. И токму затоа националниот идентитет им служи само како изговор за да ја зачуваат власта и да продолжат со своите криминални интереси. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија нема дозволи нашиот идентитет да се користи како штит за криминал и корупција. Македонскиот идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија.

Граѓаните знаат, вистинската закана за идентитетот, за државата и за иднината не доаѓа од малцинствата, туку доаѓа од криминалот и корупцијата на организираната криминална група на ВМРО. Изборот е јасен - Европска Македонија или криминална изолација“, додава Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4dmre2e8cfhsea0U6XW

Филипче: Се појави бегалец кој што е на листа, мирно, смирено, со наочари, со насмевка, недостасуваше уште црвен килим

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library44fkk6lo0ouk51N5oIy

Филипче најави тужба за Жан: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryi0e4r1vrm2mm98Y0YOi

Филипче: Не сакаат техничка Влада за никој да нема увид во коруптивниот систем

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања