ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара од лидерот на СДСМ, Венко Филипче јавно да објасни на која основа се стекнал со таканаречена „златна виза“ во Дубаи и дали зад тоа стојат инвестиции во недвижен имот или бизнис.

— реклама —

Реакцијата следи по сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски, кој тврдеше дека поранешниот премиер гради облакодер од 42 ката во Дубаи. Од СДСМ и од самиот Филипче претходно потврдија дека Заев гради зграда во Дубаи, како и дека и двајцата имаат „златни визи“, но посочија дека Филипче не е партнер во проектот.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Филипче во минатото изјави оти визата ја добил поради преговори за можен професионален ангажман во здравствена установа во Дубаи, но, според партијата, до јавноста досега не биле презентирани документи за тоа. Во соопштението дополнително се наведува дека за добивање „златна виза“ е потребна инвестиција од најмалку 500 илјади долари во недвижности или бизнис.

— реклама —

Партијата се повикува и на тврдењето на Аврамски дека и Заев и Филипче поседуваат станови во Дубаи, барајќи одговор дали Филипче вложувал во недвижен имот и дали тоа е основа за визата. Во соопштението се наведува и дека, доколку навистина е вложена сума од тој износ, јавноста има право да знае од кои извори се обезбедени средствата.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат Филипче да обелодени документи доколку визата е поврзана со работен ангажман во странство, со цел, како што наведуваат, „да се расчистат дилемите“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr9rbdo8qarrgaGvPbRW

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не се огради од Заев, ДУИ и партиските афери

Македонија | пред 3 дена

media-library8a44hhthq0pn3VV5H13

Стојаноски: СДСМ и ДУИ гласаа против „Безбеден град“ и безбедноста на граѓаните

Македонија | пред 3 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да испита дали милионските трансфери на Филипче кон „Жан Митрев“ биле дел од план за преземање профитабилен бизнис

Македонија | пред 4 дена

media-library1smcg046pk435JI9jSM

Панова: ДУИ денес со гласот против безбеден град покажа дека не ги слуша граѓаните и затоа се во опозиција, а таму треба да останат

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања