Промени тема
Контакт

Воздушна тревога во Дубаи: Обединетите Арапски Емирати регистрираа ракетна закана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarylpgrepfjo4bo1ySjGIW

Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати денеска регистрирала ракетна закана, што е прв ваков случај од мај годинава, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Во Дубаи се огласиле сирени за воздушен напад, а Министерството за внатрешни работи ги повикало граѓаните веднаш да се засолнат во најблискиот безбеден објект поради можна ракетна закана.

Од Министерството за одбрана на ОАЕ преку платформата X соопштиле дека сите експлозии што се слушаат се резултат на дејствувањето на системите за воздушна одбрана.

— реклама —

„Поради моменталната ситуација и можните ракетни закани, веднаш побарајте безбедно место во најблискиот безбеден објект“, се наведува во предупредувањето на властите.

— реклама —

Министерството за одбрана порача дека земјата е целосно подготвена да одговори на секоја закана и да ги заштити нејзиниот суверенитет, безбедност и стабилност.

— реклама —

Инцидентот се случува во период на зголемени тензии меѓу САД и Иран, додека состојбата околу Ормускиот Теснец дополнително се влошува. ОАЕ и претходно беа изложени на ракетни и беспилотни напади од Иран во периодот на ескалација.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Исто така, не е соопштено колку ракети биле откриени или пресретнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryic350l0emo3fcoupbO6

Дубаи доделува награди на оние што носат гости, досега се примени 90.000 апликации

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
media-library39bqt19o2dds3v31QhQ

Воената криза го испразни Дубаи: Луксузните хотели нудат огромни попусти

Свет | пред 3 месеци

media-library2nsshqfgm0160dGqHdP

(Видео) Голем пожар на градилиште во Дубаи

Свет | пред 4 месеци

media-librarybio7g8faejg73Yy5gsz

(Видео) Затворање по речиси три децении: Обемна реконструкција на луксузниот симбол на Дубаи

Патувања | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања