„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: Не сакаат техничка Влада за никој да нема увид во коруптивниот систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Македонија
media-libraryi0e4r1vrm2mm98Y0YOi

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари рече дека власта не сака техничка влада поради тоа што ќе се видат сите злоупотреби во коруптивниот систем.

— реклама —

„Техничката влада може да се укине само тогаш кога ние би биле зрело општество, а ние тоа сега во овој момент не сме, затоа што оваа власт канџите агресивно ги стави на сите институции и ги злоупотребува во свои политички цели. Тие не ја сакаат техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција ќе има увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем којшто е сега поставен“, рече Филипче.

Филипче, потенцираше дека техничката влада не смее да се укине, затоа што таа е единствената можност за чесни и фер избори.

— реклама —

„Со оглед на тоа дека ние и нашиот антикорупциски тим веќе почнавме со објавување на аферите, а има уште огромен број на работи коишто допрва ќе ги презентираме во јавноста може само да претпоставите што се сè крие во институциите. И затоа не сакаат техничка влада, затоа што тоа за оваа власт ќе значи отворање на пандорината куќа. Мицкоски, прво во интервју на Алфа рече дека нема намера да иницира укинување на техничка влада без широк консензус, а завчера рече дека можеле и сами, но сакале процесот да биде инклузивен. И ова е уште една потврда за тоа што го говориме“, изјави Филипче.

Тој посочи дека власта ги има ставено канџите во правосудството, обвинителството е ставено под целосна контрола, врз Судскиот совет се врши притисок и се носат измени на кривичниот закон којшто одговараат само на власта. Ова, како што нагласи, не се прави случајно, туку со јасна цел, да се заштитат криминалот и корупцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

Македонија | пред 2 седмици

media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

Филипче: „Компаниите веќе затвораат и отпуштаат работнци, следи поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Македонија | пред 2 седмици

media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања