Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Филипче: Нема никаков договор со ВМРО-ДПМНЕ, не се договара со луѓе што прашуваат колку чинат животите од Кочани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Медиасет
media-libraryndeu8iq22ien2lP65ya
YouTube/Print Screen

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање категорично ги демантираше шпекулациите за каков било таен  договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани“ .

— реклама —

„Јасно демантирам - нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се има договор што со луѓе кои што прашуваат колку чинат животите на децата во Кочани. Не може да има договор со луѓе кои што кажуваат дека сега не е време за реформи, било време на војни. Не може да има договор со луѓе кои што оставија 10.000 семејства во земјоделството без приходи заради корупција. Не може да се  има договор со луѓе кои што ништо не прават во образованието, ги оставија наставниците без зголемени приходи, нема раст на платите. Не може да има договор со луѓе кои ништо не прават во здравството, освен што неколку луѓе мешетараат од клиники и договараат тендери и договорени спецификации“, рече Филипче.

— реклама —

Тој додаде дека не може да се има договор со луѓе кои што ја оставија државата на периферија на Европа, додека Албанија, Црна Гора ќе станат земји членки на Европска Унија. При тоа, Филипче порача дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со решавање на проблемите на државата и граѓаните, а не со СДСМ.

— реклама —

„Не знам зошто тие се занимаваат со СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ треба да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, ама пред се со проблемите на граѓаните, кои што силно им тежат на грбот, а не се ни обидуваат да ги решат“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

— реклама —


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytv0vftoaia08fFKzvJ3

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски шири хистерија за францускиот предлог, институциите веќе го демантираа

Македонија | пред 5 часа

media-libraryviltbuoourc00wAQN9m

Марков: Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Македонија | пред 6 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: По Мицкоски и неговиот „талог“ за Илинден, денес продолжи ужасното навредување од страна на Стоилковиќ

Македонија | пред 6 часа

media-library2hls6ku0e4p302eiScx

Филипче за прифаќањето на Францускиот предлог од власта: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања