Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Филипче од Националниот совет: Македонија не смее да остане жртва на странски дестабилизациски операции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се осврна на безбедносните предизвици со кои се соочува Македонија, а поврзани со странски влијанија и дезинформациски кампањи. На седницата, Филипче побара од амбасадорката на Кралството Данска, Н.Е. Перниле Деилер Кардел, сериозно да се земе предвид делот од Извештајот на Европскиот парламент, каде што стои дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание.

— реклама —

„Би сакал данската амбасадорка да каже дали ова го земаат предвид и дали се анализира овој дел од Извештајот, кога се зборува за зајакнување на безбедносната политика. Тоа дека Северна Македонија останува предмет на непријателски операции на странско влијание, вклучително напори за поделба на општественото ткиво на земјата и искористување на антиевропските чувства, особено преку таблоидите и медиумите на српски јазик кои функционираат како регионални засилувачи на наративите на Кремљ и уживаат значително влијание“, рече Филипче.

Во обраќањето на Советот, Филипче воедно го нагласи значењето на двата клучни приоритета на данското претседателство – безбедна Европа и конкурентна зелена Европа, посочувајќи дека тоа е од исклучителна важност во актуелниот геополитички контекст.

— реклама —

„Уверен сум дека Данска ќе работи силно на решителна Европска унија, која презема одговорност за сопствената безбедност и зајакнување на конкретности. Двата главни приоритети се многу важни во денешниот геополитички контекст, тоа е безбедна Европа и конкурентна зелена Европа. Искрено се надевам дека и ние како зелен кандидат за членството во Европската унија ќе го најдеме своето место во поставувањето на данските приоритети на данското претседателство – безбедна и конкурентна зелена Европа“, рече Филипче.

— реклама —

Во тој контекст, Филипче ја потенцираше и важноста на политичките договори што се направени во минатото, кои, како што кажа, не се само договори коишто решаваат политички проблеми.

„Имено, во Преспанскиот договор има еден сериозен дел кој укажува на развој на потенцијално партнерство со Република Грција во делот на обновливите извори на енергија, и тоа е нешто што во овој контекст Европа, сметам, треба да го има на ум и да го вгради во сопствената стратегија. Вака како што го именувала и Данска – конкурентна зелена Европа, но особено имајќи ја предвид потребата Европа да стане што понезависна од руските извори на енергенси, нешто што се покажа како многу кризно прашање во изминатиот период“, истакна Филипче.

Во однос на безбедноста, тој ја поздрави одлуката на ЕУ за зголемување на инвестициите во воената индустрија и градење на автономна безбедносна политика, независна од трети актери. Во обраќањето на Советот, Филипче стави акцент и на проширувањето на Европската унија, кое, според извештајот на данското претседателство, добива нова тежина, особено со вклучувањето на земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина во заедничката безбедносна политика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања