Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Филипче: Пад на инвестициите од 600 на 200 милиони евра,  лошите политики на власта ја кочат економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryic6nb9de2cr05But9tv


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ предупреди на сериозен пад на економските показатели и целосно погрешни политики на власта.

— реклама —

-Кога граѓаните не можат да врзат крај со крај поради тоа што власта води лоши економски политики, кога цените не се под контрола, кога има пад на странските инвестиции тогаш тоа е јасен доказ дека економијата тоне. Минатата година, како резултат на нашите политики, странските инвестиции во првите шест месеци изнесуваа 600 милиони евра. Годинава, под оваа влада, таа бројка падна на само 200 милиони. Што може да очекуваме? Само дополнителен пад, намалување на извозот, посебно со Германија, и стагнација на индустриското производство,“ изјави Филипче.

Во однос на унгарскиот кредит, тој беше дециден:

— реклама —

„Едноставно, никој не знае каде се една милијарда евра. Од најавени 350 милиони евра за општините, реализирани се помалку од 10 проценти. Па каде се парите? Нашите информации се дека тие се веќе потрошени, а компаниите кои аплицираат сведочат дека средства нема,“ нагласи Филипче.

Тој потсети дека Владата дури ги сменила процедурите за Македонската банка за развој, која за прв пат зема пари директно од буџетот наместо од меѓународни финансиски институции.

„Зошто граѓаните да враќаат милијарди евра кредити за нешто што не носи капитален развој? Капитален објект е оној што носи додадена вредност и раст. Бехатон плочки во Штип тоа нема да го направат ова се погубни економски политики на власта,  политики кои ја задолжуваат државата, ја кочат економијата и ја загрозуваат иднината на граѓаните" потенцираше председателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryi0e4r1vrm2mm98Y0YOi

Филипче: Не сакаат техничка Влада за никој да нема увид во коруптивниот систем

Македонија | пред 5 дена

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од Венко Филипче околу „златната виза“ за Дубаи и евентуалните инвестиции таму

Македонија | пред 2 седмици

media-library0avc2lh3eodmcOR5o74

Филипче: „Компаниите веќе затвораат и отпуштаат работнци, следи поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Македонија | пред 2 седмици

media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања