„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Македонија
media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска остро ја критикуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, оценувајќи дека со своите ставови и јавни настапи таа ѝ дала поддршка на, како што рече, најкорумпираната влада во историјата на државата и ја насочува земјата кон меѓународна изолација.

— реклама —

Во изјава за медиумите, Филипче изрази жалење што претседателката, според него, не застанала на страната на мнозинството граѓани кои ја поддржуваат европската интеграција на државата, туку, како што оцени, избрала да ја поддржи актуелната влада и нејзините политики.

Според Филипче, со ваквата позиција се потврдуваат предупредувањата на СДСМ дека европската перспектива на земјата е доведена во прашање, реформскиот процес е запрен, а државата се соочува со ризик од сериозна политичка и економска криза.

— реклама —

Тој особено ги критикуваше најавените законски решенија во правосудството, оценувајќи дека тие не претставуваат суштински реформи, туку, како што рече, водат кон дополнителна партизација на судството и обвинителството, со поставување партиски кадри и продолжување на коруптивните практики.

Филипче предупреди и на економските последици, посочувајќи дека граѓаните ќе се соочат со раст на трошоците за живот, поради најавеното поскапување на електричната енергија, што, според него, ќе повлече поскапување и на другите производи и услуги.

Во однос на платите, тој оцени дека нема напредок во преговорите меѓу Владата и синдикатите во рамки на Социјалниот совет и дека, како што рече, нема изгледи за зголемување на платите ниту во приватниот, ниту во јавниот сектор, вклучително и во образованието и здравството.

Филипче изрази загриженост и за состојбата со државниот буџет, наведувајќи дека, според проценките на СДСМ, постои финансиска дупка од околу една милијарда евра, која, како што тврди, ќе се надоместува со нови задолжувања во наредниот период.

Тој се осврна и на состојбата во земјоделството, обвинувајќи дека поради коруптивни практики се изгубени повеќе од 100 милиони евра од ИПАРД програмата, што, според него, директно ги погодува земјоделците и нивните семејства.

На крајот, претседателот на СДСМ оцени дека земјата се соочува со сериозни ризици од економска нестабилност, изолација и иселување на младите, додавајќи дека ваквиот развој, според него, е резултат на политиките на актуелната власт и поддршката што, како што рече, ја добива од претседателката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynh16q4tlbrs9aP9nHNB

„Удривме во осино гнездо“ – Филипче тврди дека СДСМ е мета на координирана операција за дестабилизација

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryeec2igjkaprpd6pMjPt

Филипче тврди: „Мигранти во јуни, се обврзале да примат мигранти како дел од пакет-договор за кредит“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrrhqst77su7e3oSBiBj

Филипче предупредува за загрозени медиумски слободи по нападот врз новинарите на „Инфомакс“

Македонија | пред 2 седмици

media-library7o11d0ljv0a2a8ESsRF

Филипче: Власта на Мицкоски продолжи каде што застана Никола Груевски

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања