Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Филипче: Резолуцијата јасно ги дефинира црвените линии, партиите да покажат зрелост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarysh7dlfedhb3g5tVMhcj

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во одговор на  новинарски прашања поврзани со Предлог резолуцијата за заштита на националните интереси и деблокирање на европскиот пат, поднесена од страна на СДСМ, истакна дека станува збор за документ со суштинска вредност кој, како што рече, е можеби „еден од најпатриотските документи коишто биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении“.

Во врска со реакциите од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Филипче изјави дека сите факти во Предлог резолуцијата се прецизни и точни.

„Искрено жалам што таква изјава даде премиерот. Прво, сè што е наведено во таа резолуција е точно, и да кажам, многу прецизно. Таму се наведени историски факти, наназад резолуции претходно донесени во Собранието. Точно е наведено што во тие резолуции претходно е веќе заштитено“, рече Филипче.

— реклама —

Тој објасни дека Предлог резолуцијата отвара простор за долгорочен национален договор за прашањата за кои, како што рече, никогаш не треба да се преговара.

„Ова е еден од најпатриотските документи кои што биле понудени на оваа политичка сцена изминатите повеќе децении, поради тоа што отвора простор и врата конечно да се  постигне национален консензус за нашите црвени линии – за што ние утре нема да преговараме со Европската Унија, доколку се постави такво прашање. Тоа од што луѓето стравуваат во иднина, и тоа се - јазикот, идентитетот, културата и историјата“, изјави Филипче.

Во однос на понатамошните чекори, Филипче изрази надеж дека кампањата ќе придонесе за зрелост и одговорност кај сите партии.

— реклама —

„Искрено сметам дека ќе се надминат, во следниот период, за време на кампањата, себеси сите политички партии, вклучувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ, дека, ако ништо друго, ќе најдат сила и ќе седнат на маса да дискутираме за овој документ, поради тоа што времето сериозно не гази. Регионот оди напред, а ние тука не гледаме никаков напредок.“

Одговарајќи на прашањето дали СДСМ би прифатил резолуција предложена од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче одговори:

„Апсолутно, и ова е дел од нашата конструктивност. Не знам што може по македонско да биде од ова, но ајде да видиме“, рече Филипче.

— реклама —

На новинарско прашање дали по испраќањето на резолуцијата добиле позитивен сигнал од другите партии, претседателот на СДСМ рече дека реакциите допрва се очекуваат:

„Не, во текот на вчерашниот ден ја испративме, така што јас верувам дека немале време да ја погледнат. Можеби треба и еден ден да стигне дотаму, така што очекувам во следниот период.“

Во однос на тоа зошто СДСМ смета дека е подобро решение да се подготви заедничко писмо до ЕУ наместо да се напуштат преговорите, Филипче изјави:

— реклама —

„Прво, ова е решение коешто е поинакво од сите други поради неколку работи. Прво, ја содржи хронологијата на сите претходни резолуции донесени во Собранието. Второ, за првпат е предлог документ којшто треба заеднички да се работи, модифицира и да се поднесе. Значи, вистинско седнување на маса, како сите сериозни држави, постигнување на национален консензус, а не само празни флоскули, најави итн, и после не правење ништо, што всушност се случува. И третата работа е што има јасна временска рамка“, рече Филипче.

Тој додаде дека документот вклучува конкретни предлози за тоа кога треба да започне процесот на уставни измени и кога да се отворат поглавјата во преговорите со ЕУ, со јасна комуникација до Брисел што за Македонија претставува црвена линија, а што не.

„И ЕУ треба да знае што ние сметаме дека е нешто што загрозува некакви наши црвени линии во текот на преговорите, а што не, и во тој контекст, едно писмо за информирање на сите релевантни структури во рамки на Унијата“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryfao3unqlt891dzUtMSV

СДСМ: Реконструкција на влада – тепачка за фотелји

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

„Обвинителството мора да реагира за Јанушев, Законот предвидува и до 5 години затвор“, велат од СДСМ

Македонија | пред 9 часа

media-libraryph29v4j7n5sl4AKy2hG

Манасиевски: Филипче соработува со луѓе кои го негираат македонскиот идентитет, за јазикот, идентитетот и историјата не смее да се преговара

Македонија | пред 22 часа

media-libraryug1ultacipvsayKcNB5

„Институциите да го истражат скандалот со бугарската фирма на Јанушев“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања