Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Филипче веќе ја нуди Македонија на распродажба и подготвува нови национални отстапки само за да дојде до власт“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library41i42fea64aa6jqjvVF

Венко Филипче однапред испраќа сигнали дека е подготвен за нови национални отстапки само за да дојде до власт, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Од партијата оценуваат дека лидерот на СДСМ не ги брани државните позиции, туку ја подготвува јавноста за прифаќање на бугарските барања.

— реклама —

Според ВМРО-ДПМНЕ, во период кога официјална Бугарија, како што наведуваат, секојдневно испраќа пораки со кои се оспоруваат македонскиот идентитет, јазик и историска посебност, Филипче не покажува загриженост и не бара цврсти гаранции за заштита на националните интереси.

— реклама —

Од партијата тврдат дека СДС и Филипче водат политика на капитулација пред бугарските барања, потсетувајќи на, како што велат, политиките на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Тоа е истата стара матрица на однесување на СДС. Зоран Заев прво тврдеше дека нема опасност за националните интереси, а потоа следуваа низа отстапки кои оставија длабоки последици и разочарување кај народот“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од владејачката партија оценуваат дека Филипче не нуди визија и стратегија за заштита на државните интереси, туку политика на попуштање и прифаќање на, како што велат, туѓи диктати со цел да обезбеди политичка поддршка.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека македонскиот идентитет, јазик, историја и култура не смеат да бидат предмет на уцени, преговори и политичка трговија и оти никоја власт нема мандат да преговара за темелните вредности на македонската државност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања