Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Филипче: Во новите тела на СДСМ ќе ги обединам сите компетентни и искусни кадри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4432

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, проф. д-р Венко Филипче во програмата ,,Нов СДСМ за нови победи" предвидува обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството.

Реорганизацијата на партијата и новите тела ќе придонесат за ефикасна и функционална партиска организација.

— реклама —

Освен промена на начинот на внатрепартиските избори за општински раководства, во СДСМ ќе се формираат три нови тела: Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети и Комисија за етика и одговорност, како и секторски комисии.

„СДСМ располага со огромен човечки потенцијал, луѓе кои секогаш биле блиски до партијата, делеле исти вредности и ставови, но во изминатите години се пасивизирале или повлекле од различни причини. Една од моите главни цели е обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството. Како претседател, ќе се потпирам на нивните стручни мислења, искуства и анализи преку кои ќе се градат партиските политики. Јас верувам во тимска работа, верувам во знаење, искуство и наука и секој кој сака да помогне ќе биде добредојден во партијата“ - рече Венко Филипче на средби со членовите.

— реклама —

Еден од главните столбови во функционирањето на партијата ќе биде

Советот за политика и стратегија. Советот ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Во Програмата на Филипче е предвидено Советот да биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи. Функцијата на овој совет ќе биде навремено да реагира за партијата да може да се прилагоди на сите предизвици преку одлуки што ќе бидат добро обмислени и базирани на докази што има за крајна цел подобрување на кредибилитетот на партијата.

Во рамки на Советот за политика и стратегија ќе се формира уште едно тело-Советот на ветерани на партијата.

— реклама —

Според Програмата, овој Совет ќе биде составен од искусни поранешни политичари на СДСМ и ќе служи како советодавен одбор на претседателот. Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки. Советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила, е наведено во Програмата на Филипче.

Следење на евалуација на работата на партиските и државните функционери и брза реакција при неетичко и коруптивно однесување, ќе биде во надлежност на Комисијата за етика и одговорност.

— реклама —

Создавањето на оваа Комисија е критичен чекор во обезбедувањето транспарентност и етичко однесување во СДСМ. Комисијата ќе се погрижи сите членови на партијата, од најниско до највисоко раководно ниво, да се придржуваат до кодексот на однесување на партијата.

Програмата на проф. д-р Венко Филипче подемократска, потранспарентна, прогресивна СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања