Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Филков до ДУИ: Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите, времето на национал-романтизам заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryaqkjkkbcml1m8uZeaSL

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за правда Игор Филков одговарајќи на пратеничко прашање на Дијана Тоска од ДУИ во врска со петицијата на студентите на правните факултети за полагање на правосуден испит на албански јазик рече дека Уставот и законите мора да важат за сите.

— реклама —

Во моментов, можност за полагање на друг јазик освен на македонскиот јазик, не постои, затоа што правосудниот испит е стручен испит, не е управна постапка, а тоа на вас ви е многу добро познато. Впрочем и Венецијанска комисијата има дадено негативно мислење на Законот за употреба на јазиците а во моментов до Уставниот суд се поднесени 13 иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на истиот. Околу употребата на јазикот и она што вие како власт во изминатите 20 години го имате работено должите одговори пред целата јавност. Се надевам дека овие одговори ќе ги дадете Вие а не некој друг во постапка што следи”, истакна Филков.

— реклама —
— реклама —

Министерот Филков  од собраниска говорница  покажа двојазично уверение кое е потпишано од него и истакна дека тоа го прави за секој оној кој тоа ќе го побара .

— реклама —

Требаше некое време да сфатам на што се должи оваа хистерија која што во изминатиот период беше продуцирана од страна на одредени политички партии, но после онаа епизода ,,Артан Груби се враќа дома”- нештата се многу појаси. Дали некој е националист или не говори ова уверение кое што е двојазично и потпишано од мене, овде лево доле. Секој еден што побарал во Министерство за правда тоа било дозволено, така ќе остане и во иднина. Но она што вие треба да го одговорите денес е што правеа вашите осум министри во изминатите 20 години. Или повторно, одговорот ќе чекаме да дојде од друга страна, во постапка и затоа е цела оваа нервоза и хистерија. Времето на национал-романтизам заврши, денес ќе се работи по Устав и закон. И  уште една работа што е многу битна:Со кривичнaта пријава ама баш никого не плашите!, порача министерот за правда Игор Филков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 3 седмици

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања