Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Филков со остра реакција за протестите за албанскиот јазик – македонскиот јазик е уставна вредност и обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4os7f68squqkfBLa0MX

Игор Филков остро реагираше на протестите и барањата правосудниот испит да може да се полага на албански јазик, оценувајќи дека станува збор за обид чувствителното прашање да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација.

— реклама —

Министерот истакна дека правосудниот испит не е политичко, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата.

Според него, обидите законската обврска за познавање на македонскиот јазик да се прикаже како дискриминација претставуваат опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок.

— реклама —

„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем“, порача Филков.

— реклама —

Тој оцени дека е недозволиво теми што директно го засегаат правосудниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Од Министерството за правда посочуваат дека правосудниот испит се спроведува согласно законите и професионалните стандарди, а не според политички агенди или притисоци.

— реклама —

Филков нагласи дека Министерството останува отворено за институционален дијалог, но нема да дозволи, како што рече, девалвација на правосудниот систем и поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања