Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Филмска кражба во Неапол: вооружени држеле заложници, па избегале низ канализација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-libraryjpn6in3nq24d2DLJaVe
x

Вооружени разбојници држеле 25 лица како заложници во банка во Неапол, по што успеале да избегаат низ дупка во подот што води кон канализацискиот систем.

Тројца мажи околу 11:30 часот упаднале во филијала на Crédit Agricole, каде што ги затвориле клиентите, вработените и директорот во една просторија и ги држеле околу два часа.

— реклама —
— реклама —

Полицијата интервенирала и ги ослободила сите заложници нешто по 13:30 часот, без сериозни повреди.

— реклама —

„Благодарение на брзата реакција, сите лица се безбедни“, изјавил напулскиот префект Микеле ди Бари.

Сепак, додека службите влегле во објектот, разбојниците веќе избегале. Се претпоставува дека користеле однапред подготвен канализациски премин, преку кој исчезнале под земја.

Локалните служби веќе го проверуваат канализацискиот систем, а на местото бил и обвинителот Никола Гратери. Засега не е познато дали напаѓачите успеале да однесат плен, иако се верува дека цел им биле сефовите, додека во самата експозитура немало готовина.

Еден од заложниците сведочел дека разбојниците биле вооружени, но не употребиле сила, туку ги држеле затворени додека го реализирале планот.

Случајот потсетува на сличен грабеж во Милано во 2020 година, кога разбојници исто така користеле канализациска мрежа за влез и бегство, што отвора сомнежи за добро организирана и однапред испланирана операција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zena-noz

Навивање за Наполи заврши со нож: сопруга го прободе мажот поради фудбалска расправија

Свет | пред 1 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања