Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Финале на евакуацијата: последен лет со 147 патници слета во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryf759ml8b5avscHw98pW

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски државјани од погодените земји на Блискиот Исток, кои изразиле подготвеност да се вратат во државата.

— реклама —

Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани.

— реклама —

Станува збор за организирани чартер-летови, при што сите трошоци биле покриени од државата.

Со ова, вкупниот број на евакуирани македонски државјани достигна 605, со што, според Министерството, е завршен процесот на враќање на сите граѓани кои побарале евакуација.

— реклама —

Од МНР потенцираат дека со оваа акција државата покажала навремена реакција во кризни услови, обезбедувајќи заштита на своите граѓани, но и солидарност кон странски државјани од регионот и пошироко.

Министерството нагласува дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, а СОС телефонската линија и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и натаму се активни и достапни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 6 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања