ФИНКИ мирно ќе протестира пред владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
302602686_5795294637189396_8310926573818527781_n

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со одлука од деканатската управа денеска ќе организира мирен протест пред Владата. Според најавите, на отворено ќе се одржи и седница на наставно-научниот совет на факултетот. Од ФИНКИ бараат власта да ги подобри условите за студирање на студентите.

— реклама —

Неформалната организација Студентска револуција соопшти дека ќе го поддржат протестот и ги повикаа на поддршка студентите, професорите, како и вработените на УКИМ.

— реклама —

Студентите и деканатот се револтирани бидејќи наставата на факултетот се одржува во 8 различни објекти. Изградбата на новиот објект е веќе долг период стопирана и  не се превзема ништо за нејзино повторно активирање.

— реклама —

Управата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) побара Владата на следната седница да донесе одлука за давање на времено или трајно користење, без надомест, на објектот кој се наоѓа на КП бр. 1856, КО Карпош, ИЛ бр. 47924, согласно барањето испратено од Факултетот до Владата на 19 мај 2023 гдоина. Факултетот бара Владата да го задолжи Министерството за образование и наука во рок од три месеци да обезбеди простор и да изврши релокација на Бирото за развој на образование, како орган на државна управа во состав на Министерството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Скопје | пред 5 часа

Screenshot-2022-08-31-113034

Ќе се доградуваат двата објекта кај Ректорат, но нема да имаат барокна фасада

Скопје | пред 6 часа

11

(Фото) Студентите од ФИНКИ сосе професори порачаа: Немаме зграда, ќе учиме пред Влада

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2022-08-31-113034

Факултетот каде два дена има километарски редици за упис, пет години има зграда која нема кој да ја доизгради

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања