Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи.

— реклама —

Во разговор за МИА проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет рече дека при истражувањето на недоградените објекти во Скопје, експертите откриле сериозни проблеми со карбонизација на бетонот, што укажува на енормно загадување во градот. Процесот, кој се должи на комбинација од влага и присуство на јаглерод диоксид, може да доведе до корозија на арматурата и бара итни заштитни мерки.

— реклама —

„Бетонот е во принцип базна средина, со висок pH-фактор и затоа арматурата во него е заштитена од корозија. Но, овој процес ја намалува базичноста и арматурата може да биде изложена на забрзана корозија. Објектите стојат отворени и оставени на атмосферските влијанија – дожд, мраз, снег, внатре влегувала вода и стоела додека не испари итн. Тоа траело со години. Во арматурата засега не е почната корозијата, но добро е што ќе се преземаат активности за завршување на овие објекти. Ако така остане уште некое време, дополнително ќе треба да поскапи целата алтернатива. Сега има мерки кои се релативно евтини и лесно применливи за да може да се стопира тој процес. Од една страна, имаме недовршени работи, тоа се фрлени пари, што е и најголемата штета, а второто што го откривме во анализата е дека токму тој дел, крстосницата кај Ректоратот, е еден од најзагадените во Скопје. Ова е доказ дека таму навистина имаме енормно загадување со јаглерод диоксид бидејќи во толку кус период од десетина години имаме толку голема карбонизација навлезена во длабочината на бетонските елементи. Има и на мостовските конструкции, кои се изложени на надворешни влијанија, но тоа е процес кој треба да трае стотина години. А овде имаме за само десет години. И од научна гледна точка за нас тоа е интересен податок и потврда за тоа колку во Скопје е загаден воздухот“, рече Марковски.

— реклама —

Динамиката на продолжување на изградбата ќе зависи од расположливите средства во државниот буџет. Се очекува проектирањето да заврши до есен, а до крајот на годината да биде распишан тендер за избор на изведувач.

„Скапите работи допрва доаѓаат. Кога се почнуваат објекти и од која било причина остануваат недовршени, потоа секогаш има проблем од различни аспекти. На тие објекти и не им беше таму местото, надвор се од кампусот на УКИМ, таа локација е за парк. Почнаа да се градат без урбанистичка и архитектонска логика. Но, сега двете можности се или да се доградат или да се урнат. Тешко оди уривањето на вакви започнати објекти од повеќе причини. Веднаш ќе има реакции во јавноста дека се урива нешто што е изградено. Најдобро урбанистичко решение е нив да ги нема, меѓутоа кога веќе ги има треба да ги направиме така што ќе извлечеме максимум од нив. Заинтересираност и ангажман да се спаси она што е веќе направено и да се обезбеди квалитетен простор за ФИНКИ гледам и во Министерството за образование и наука, почнувајќи од министерката. Сакам да нагласам и дека од МОН немавме никакви ограничувања, услови или барања како тие би требало да изгледаат. Сè беше оставено на струката, имавме одврзани раце во поглед на тоа колку може максимално тие објекти да се усогласат со постојните во кампусот на УКИМ“, посочи професорот од Градежниот факултет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2022-08-31-113034

Ќе се доградуваат двата објекта кај Ректорат, но нема да имаат барокна фасада

Скопје | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања