Промени тема
Контакт

Ќе се доградуваат двата објекта кај Ректорат, но нема да имаат барокна фасада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
Screenshot-2022-08-31-113034

Двата недовршени објекта кај Ректоратот на УКИМ, чија изградба е стопирана повеќе од десет години, ќе се доградуваат кога ќе биде избран проектант, а потоа и изведувач на градежните работи.

— реклама —

Во разговор за МИА проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет рече дека двата објекта, кои се простираат на вкупно 22 753 квадратни метри, ќе го задржат постојниот габарит и ќе немаат барокна фасада. Во нивната внатрешност ќе има прераспоредување на просториите, ќе има промени во инсталациите за греење, компјутерската инсталација итн.

— реклама —

Двата објекта ќе ги користи само Факултетот за информатички технологии и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бидејќи само една зграда не ги задоволува потребите ниту на овој факултет ниту на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за кој беше наменет другиот објект.

„Двата објекта се подземно поврзани со паркиралиште, а ќе има и топла врска помеѓу нив бидејќи ќе бидат за еден факултет, откако се заклучи дека ќе добиеме две згради, но ниту едната ниту другата нема да ги задоволи потребите ни на двата факултета. Сега треба да се најде проектант, потоа да се најде изведувач и да ги доврши работите. Проектната задача е доста обемна од сите аспекти. Дадени им се одредени насоки на идните проектанти каде треба да се движат и во однос на архитектонскиот облик, но, се разбира, не премногу детаљно затоа што на проектантот треба да му се даде слобода“, изјави проф. Марковски.

— реклама —

Динамиката со која ќе продолжи изградбата на објектите ќе зависи од расположивите средства во буџетот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2022-08-31-113034

250 илјади евра грант од Шпанија за изградба на новите објекти на ФИНКИ и Факултетот за физичко образование

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg7q39tjcsj6d2pHFpjB

Бетон што дише смог: карбонизацијата кај Ректоратот открива колку е загадено Скопје, процес кој трае 100 години, се случил за 10

Скопје | пред 8 месеци

11

(Фото) Студентите од ФИНКИ сосе професори порачаа: Немаме зграда, ќе учиме пред Влада

Скопје | пред 2 години

302602686_5795294637189396_8310926573818527781_n

ФИНКИ мирно ќе протестира пред владата

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања