Фирмата што изнајмувала машини за хидроелектраната на Дошница се повлекла – активистите слават, но најавуваат нова битка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
dosnica

Приватната компанија која изнајмувала градежна механизација за изградбата на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла од проектот, информираа денеска активистите од иницијативата „Спас на Дошница“.

— реклама —

„Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, порачуваат од групата.

— реклама —

Сепак, активистите предупредуваат дека ова не значи крај на борбата.

— реклама —

„Властите – ако имате грам чест и достоинство, веднаш поништете ја оваа срамна дозвола! Државата не е ваша приватна играчка, реките не се ваша стока, а народот не е ваше робје. Ние не се тргнуваме, ниту отстапуваме. Ќе стоиме до крај – со глас, со тело и со срце! Ова е нашата земја, ова е нашата вода, ова е нашата победа што доаѓа!“, стои во објавата.

Изградбата на хидроелектраната на Дошница веќе подолго време е предмет на остри реакции од еколошки организации и локалното население, кои предупредуваат дека проектот ќе има трајни штети врз реката и биодиверзитетот во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања