Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Физички пресметки, напад врз малолетник и закани со огнено оружје – низа пријави до МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-librarydqamjr88ssd7ee8BPb0
Скопје1.мк

Министерството за внатрешни работи информира за повеќе одделни инциденти пријавени во текот на 16 декември 2025 година на подрачјето на Скопје, кои опфаќаат физички напади, закани со оружје и тешка повреда на работно место.

— реклама —

Според МВР, во 20:35 часот во СВР Скопје, Б.М. (36) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот бил физички нападнат од С.Ж. и О.Ж. во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.

— реклама —

Претходно, во 15:50 часот, М.К. (39) од Скопје пријавила дека на 15 декември околу 15:00 часот, во спортска сала на основно училиште на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Б.П., татко на негов соученик.

Истиот ден во 08:40 часот, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Р.Ј. (44) од селото Никиштане, скопско. Според пријавеното, повредите ги здобил додека извршувал работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во Скопје. За случајот е известен трудов инспектор.

— реклама —

Дополнително, И.К. (41) од селото Петровец пријавил дека околу 18:00 часот, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, лицето Д.Д. се обидело физички да го нападне, а потоа му упатило закани со огнено оружје.

— реклама —

Од МВР информираат дека за сите пријавени случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

semejno-nasilstvo

Уапсен 31-годишник од Гевгелија, агресивно се однесувал кон поранешната партнерка

Македонија | пред 1 минута

skali

19-годишник тешко повреден откако татко му го турнал по скали

Македонија | пред 6 минути

media-librarylhna0fmvtofr7QcnZnQ

62-годишник од Гостивар фрлал тврди предмети кон малолетник

Македонија | пред 9 минути

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Две возила изгореа во пожар во штипско

Македонија | пред 9 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања