Промени тема
Контакт

(Фото) „Бранкојавление” или повторно „случајна” средба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library1hu9tlhpg2be3XaUqr0

Поранешниот премиер, претседател на државата и долгогодишен лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, повторно е фотографиран, овојпат во скопски ресторан во друштво на министерот за јавна администрација, Горан Минчев.

Минчев, кој сега е висок функционер во владејачката ЗНАМ, беше генерален секретар на СДСМ во времето кога Црвенковски ја предводеше СДСМ.

media-libraryi05rj93v4h4o5zAKSb0

Заедно со нив е и Зоран Попов, актуелниот амбасадор во САД.

Црвенковски со години беше надвор од политиката и не се појавуваше ниту во тешки и кризни моменти за државата, иако редовно ја зема високата претседателска пензија и има и кабинет.

— реклама —

Минатата година неофицијално се говореше дека работи во корист на ЗНАМ, каде се негови поранешни блиски луѓе.

media-libraryrs901bmfsr8t8e3ytsW

Последниов месец, среде кампања, беше фотографиран во друштво со актуелни функционери и политичари.

— реклама —

Црвенковски прво беше фотографиран во Охрид на маса во ресторан со староновиот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, за што имаше објаснување дека била случајна средба.

Ден по изборите се појави и фотографија од поранешниот лидер на СДСМ со активисти на партијата во Кичево.

— реклама —

Познавачи на политичката клима велат:

,, Ако Бранко не сака, нема да се појави никаква фотографија”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 4 часа

media-libraryq3823t9651499RRxtqD

(Видео) Цветаноски: Арамијата Мицкоски ги турна земјоделците во длабока криза - мерките на СДСМ се спас

Македонија | пред 8 часа

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања