Никој не превзема ништо за да се изгасни депонијата кај Буково. Скопје 1 уште на 8 јули алармираше дека депонијата гори и покрај обидите на противпожарната служба од Охрид огнот да го држи под контрола.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев на социјлната мрежа фејсбук напиша:
„Запалено ѓубриште на врв од планина помеѓу две езера бисери, Охридско и Преспанско.
Полни усти со ЕУ...УНЕСКО...
Блескаме, но никој не може да го види одблесокот од токсичниот чад и ѓубрето“, напиша Донев
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217524204714683&set=pcb.10217524205274697&type=3&theater
Инаку задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.