Промени тема
Контакт

(Фото) Двајца македонски државјани во американската база „Worst of the Worst“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryvltaedo8vf081nNpIet

Две лица за кои американското Министерство за домашна безбедност (DHS) како земја на потекло ја наведува Северна Македонија се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“, во која американските власти објавуваат податоци за странски државјани уапсени од Службата за имиграција и царина (ICE).

Станува збор за Лидија Томески и Владимир Гочевски.

media-libraryvltaedo8vf081nNpIet

Кај Томески како земја на потекло е наведена Северна Македонија, а како место на апсење – Клинтон, Њу Џерси. Во рубриката „Crimes“ се наведени „Fraud“ (измама), „Fraud – Illegal Use Credit Cards“ (измама – незаконска употреба на кредитни картички) и „Money Laundering“ (перење пари).

— реклама —

Второто лице во базата е Владимир Гочевски. За него DHS наведува дека бил уапсен во Оклахома Сити, Оклахома, додека во рубриката „Crimes“ стои „Dangerous Drugs“ (опасни дроги).

— реклама —

„Worst of the Worst“ е јавна база на американското Министерство за домашна безбедност преку која се објавуваат информации за лица уапсени од ICE, заедно со податоци за нивното потекло и криминалните записи што американските власти ги поврзуваат со нив.

Од самите картички објавени во базата не може да се утврди дали Томески и Гочевски се правосилно осудени за сите наведени дела, ниту каков е нивниот актуелен правен и имиграциски статус.

— реклама —

Исто така, од јавно прикажаните податоци не може да се утврди дали тие во моментов се во притвор, се пуштени на слобода, се депортирани или во меѓувреме е донесена друга одлука во нивните постапки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања