„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(Фото) И македонските „камионџии“ со блокади на границите: Балканските транспортери со блокади на границите поради правилото 90/180

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryvggf871bohdm4RC9Y4l

Македонските транспортери, заедно со колегите од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, од денеска започнуваат со блокади на граничните премини во знак на протест против одлуката на Европската Унија од април годинава, со која престојот на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната се ограничува според правилото 90 дена во период од 180 дена. Протестот се спроведува преку целосно или делумно запирање на товарниот сообраќај, додека патничките возила и јавниот превоз ќе се пропуштаат без застој.

— реклама —

Во Македонија, според најавите на организаторите, ќе бидат блокирани граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, додека преминот Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна. Блокадите започнуваат во 12 часот и, според најавите, може да траат во текот на целата седмица, со исклучок за камиони што превезуваат лекови, жива стока, експлозиви и муниција.

media-libraryhdfoc4e7sdeu0lUOYZj

Транспортерите, организирани преку асоцијацијата „Макам-транс“, предупредуваат дека примената на правилото 90/180 и новиот електронски систем за евиденција на влез и излез, познат како EES, ќе има сериозни последици врз економиите на земјите од Западен Балкан. Според нив, професионалните возачи од држави надвор од ЕУ се третираат како туристи, што практично го ограничува нивното работење и го доведува во прашање функционирањето на синџирите на снабдување.

— реклама —

Претседателката на „Макам-транс“, Билјана Муратовска, предупредува дека доколку не се најде решение, економските последици ќе бидат далекусежни. Таа посочува дека ќе мора да се ангажираат странски превозници, што значително ќе го поскапи транспортот, а производите од регионот ќе станат неконкурентни на европскиот пазар. Дополнително, возачите се соочуваат со ризик од апсење, притвор и депортација доколку го надминат дозволениот број денови на престој.

Министерот за транспорт, Александар Николоски, минатата недела изјави дека проблемот со електронската евиденција и ограничувањата за транспортерите подолго време е отворен во комуникацијата со Европската Унија, но досега нема разбирање од европска страна. Тој оцени дека станува збор за огромен економски проблем што може сериозно да ја погоди македонската и регионалната економија, особено извозно ориентираните компании, вклучително и оние што работат во технолошко-индустриските развојни зони. Според Николоски, дури и зголемување на транспортните трошоци од три до пет проценти би ги направило домашните компании неконкурентни на европскиот пазар.

Од друга страна, Стопанската комора на Македонија предупредува дека блокадите на граничните премини не се решение и дека проблемот со системот EES треба да се решава исклучиво преку институциите. Од Комората велат дека нарушувањето на протокот на стоки со Европската Унија, дури и за еден ден, може да предизвика сериозни штети, не само за транспортерите, туку и за сите деловни субјекти вклучени во надворешнотрговската размена.

Според нив, загубите би се манифестирале преку пенали за задоцнета испорака, откажување на договори, намалено производство, нереализиран извоз и недостиг од суровини за навремено производство. Иако засега не може прецизно да се процени обемот на штетите, од Комората оценуваат дека тие сигурно би биле од големи размери.

Стопанската комора, заедно со коморите од Западен Балкан, веќе упатила заеднички апел до претседателката на Европската комисија, барајќи усвојување привремени мерки што ќе им овозможат на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Според Комората, сегашниот пристап е неконзистентен со целите на Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и тешко се усогласува со напорите за подлабока економска интеграција на регионот во Единствениот пазар на Унијата.

Европската Унија останува најзначајниот извозен пазар за Македонија, со повеќе од три четвртини од вкупниот извоз, поради што, како што нагласуваат стопанствениците, од стратешки интерес е да се зачува стабилноста на синџирите на снабдување и да се обезбеди непречен проток на стоки, без дополнителни бариери што би ја загрозиле економската активност во земјата и регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryck5tuapi60soeNeWn4s

Богородица и Меџитлија затворени 48 часа

Македонија | пред 2 седмици

dragi-raskovski

Драги Рашковски задржан на граница со непријавени 20.000 евра?

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-05-at-10.31.07

(Видео) Од утрово започнаа гужвите на граничниот премин „Богородица“ за излез кон Грција

Македонија | пред 4 месеци

POZAR-JAZINCE2

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања