Балканска фолк-дива, Лепа Брена, вечерва во Скопје. Концертот е дел од големата турнеја, која ја започна во Лондон и со која одбележува 35 години професионална кариера на естрадната сцена.

Лепа Брена уште еднаш покажа дека знае да направи концерт кој долго ќе се памети. Во преполната ВИП Арена Борис Трајковски сите во еден глас ги пејат новите, но и старите хитови.

Брена во нејзин стил на сцената се појави спуштајќи се со ѕвезда, по што веднаш ги запеа песните од новиот албум, Болиш и не пролазиш, Сречна жена, А како чу ја, Зар је важно да се пева или Пјева...

Пред околу три месеци, таа исто така имаше свој настап во земјава, односно настапи на седмото издание на Струмица Опен Фест, а минатата година одржа концерт во Охрид, на плажата Градиште 2, и настапи во Штип, на манифестацијата Штипска пастрмајлијада.

Инкау Лепа Брена беше прва од Балканот која ги наполни сите стадиони од регионот и пошироко, на своите концерти се симнуваше со хеликоптер, направи видео револуција со скапите видео спотови снимани на егзотични локации ширум светот, прва воведе новитети во поп жанрот, а ја сруши и гледаноста во сите кино сали низ поранешна Југославија со трите делови од филмот “Хајде да се волимо”.
Еве дел од атмосверата на вечерашниот концерт.