(Фото) Извлечен автомобил со тело од Дунав, лежел на дното 11 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Свет
media-librarykl5vf0v5ihvo1sSUW8J

Автомобил кој, како што се претпоставува, лежел на дното на Дунав речиси 11 години, пред неколку дена е извлечен од реката недалеку од српската граница. Возилото, во кое било и тело, е извлечено на брегот на Дунав во градот Пакша во Унгарија, а се верува дека возилото му припаѓа на маж чиј исчезнување е пријавено во јули 2015 година.

— реклама —

Автомобилот е откриен откако претходно на брегот на Дунав испливал браник со регистарска табличка. Откако било утврдено дека станува збор за табличка на возило на човек кој се води како исчезнат 11 години, била наредено пребарување на реката.

— реклама —

Нуркачите на дното на Дунав го пронашле автомобилот кој бил превртен на покривот, а во него било пронајдено и тело, најверојатно на сопственикот на возилото, Ѓерѓ Б., кој исчезнал на 29 јули 2015 година.

— реклама —

Ѓерѓ последен пат бил виден на тој фатален ден во околината на градот Пакша. Семејството прво само се обидувало да го пронајде, а потоа случајот го пријавиле во полиција, која долго време вршела пребарување низ целата држава, но без успех.

Години наназад немало никакви поместувања во истрагата се додека неодамна, на брегот, не се појавил предниот браник на бараното возило.

Подсетуваме, Ѓерѓ, кој имал 48 години во моментот на исчезнувањето, на 29 јули 2015 година се оддалечил од дома со автомобил. Доцна навечер разговарал телефонски со сопругата, но потоа не бил достапен.

Телото е пренесено на обдукција за да се потврди дали станува збор за Ѓерѓ Б.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања