Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Казните од „Сејф сити“ ги стигнаа и странските возачи: Стотина запрени на Табановце откако „летале“ низ македонските патишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library6124ohddse0s46E5VSa

Стотина странски возачи денеска биле запрени на граничниот премин Табановце откако системот „Сејф сити“ претходно регистрирал дека направиле сообраќаен прекршок во Македонија, дознава „Скопје1“.

Системот и досега ги евидентираше возилата со странски регистарски таблички кои поминуваат на црвено светло или се движат со брзина поголема од дозволената, но проблем беше што немаше воспоставен механизам преку кој прекршителите ќе бидат санкционирани пред да ја напуштат државата.

— реклама —

Според информациите на „Скопје1“, денеска на Табановце бил применет нов начин на проверка, при што биле запрени странските возачи за кои системот претходно регистрирал прекршок.

— реклама —
media-library6124ohddse0s46E5VSa


Нашите извори велат дека за оваа намена повторно се ставени во функција старите гранични терминали. Тие останаа неискористени откако беше воведен заедничкиот концепт на контрола, при што Македонија го контролира само влезот, а Србија излезот, на иста локација.

Кога возачот ќе пристигне на стариот терминал, полициски службеник ја проверува регистарската табличка. Доколку системот покажува дека возилото претходно направило прекршок регистриран од „Сејф сити“, возачот се запира и се упатува на друг шалтер за понатамошна постапка. Оние за кои нема евидентиран прекршок можат да продолжат и да ја напуштат државата.

— реклама —

Овој механизам следува по најавите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека МВР бара решение како прекршоците на странските возачи да не остануваат само регистрирани, туку и санкционирани.

— реклама —

„Наскоро ќе бидете сведоци на целосната имплементација на вториот чекор, кој се однесува на доставување на казните и за возачите со странски регистарски таблички. Затоа апелирам сите што патуваат низ Македонија да ги почитуваат правилата, бидејќи прекршоците ќе бидат евидентирани и санкционирани“, изјави Тошковски во јули.

Според неофицијалните информации на „Скопје1“, следен чекор е системот да почне поефикасно да ги опфаќа и мотоциклите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb8lr4j0jv49ibNZUGHb

Бидејќи возачите знаат кај се камерите на „Сејф сити“, МВР најде нов начин за ловење и казнување, потврди и Тошковски

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryi3b2bs9et7l27Vp13z6

Од утре камерите на „Безбеден град“ ќе казнуваат и во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Македонија | пред 1 месец

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 1 месец

media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања