Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Кисела Вода го доби најголемиот парк на шахот во Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
park-shah-kiselavoda-7

Нов модерен парк добија жителите на општина Кисела Вода. „Паркот на шахот“, лоциран во населбата 11 Октомври Бараки, се протега на 4000 м2.

На просторот кој до неодамна беше дива депонија, сега жителите на општината добија за себе катче со современа урбана опрема, хортикултурно и партерно уредување, а во центарот на паркот се поставени статуетки-шаховски фигури, крал и кралица. Воедно, за шахистите и љубителите на шахот ќе има маси со шаховски табли.

— реклама —

„Со особено задоволство денес го отвораме новиот модерен „Парк на шахот“ во населбата 11 Октомври Бараки, кој се простира на површина од 4000 м². Наместo дивата депонија која тука постоеше, сега жителите на нашата општина добија прекрасно уредено катче, опремено со современа урбана опрема, хортикултурно уредување и шаховски маси, каде што љубителите на шахот ќе можат да уживаат во оваа интелектуална игра. Во самиот центар на паркот се поставени и шаховски статуетки на кралот и кралицата, симболизирајќи го значењето на шахот како игра која го поттикнува умот и развива стратегиско размислување.

— реклама —

Посебна благодарност упатувам до Шаховската федерација на Македонија и нејзиниот претседател, Саша Богдановиќ, за севкупната поддршка при реализацијата на овој проект. Ова партнерство е пример за тоа како заедно можеме да создадеме нешто вредно и трајно, нешто што ќе го збогати секојдневието на нашите граѓани“, рече градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

„Шахот, како игра на стратегија и размислување, носи многубројни придобивки – ги развива когнитивните способности, го зголемува фокусот и ги стимулира аналитичките вештини. Силно верувам дека ова ќе биде место за дружење, рекреација и опуштање за сите генерации, посебно шахистите и љубителите на шахот, кои сега ќе можат да уживаат во масите со шаховски табли, поставени специјално за нив.

Претворањето на поранешната депонија во зелен парк не е само голем естетски придонес, туку и важен еколошки момент, значаен за подобрување на квалитетот на животната средина во општината, а со тоа и за создавање на поубаво секојдневие за сите нас. Ова е уште еден пример за тоа како може да се трансформира едно некогаш запоставено место во простор за релаксација, дружење и забава, и сакам да најавам дека ваквите проекти ќе продолжат и во иднина.

Апелирам до сите жители совесно да се однесуваат кон новопоставената урбана опрема и зеленило, бидејќи само заеднички можеме да го зачуваме и одржуваме оваа нова локација во општина Кисела Вода создадена за дружење и релаксација“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvgudrf2dsaf145RzMvI

Повторно вандализирано детско игралиште во Кисела Вода

Скопје | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryap2ioodl01eccM1emuH

(Видео) Хаос во Кисела Вода: викање, мавтање со прст, барање за обезбедување и исфрлање на советник, обвинување за закани

Скопје | пред 1 месец

media-librarydkd5ep51gvm88upuczT

Пожар во Кисела Вода: Се запалило комбе кај „Автомакедонија“

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryqg891ev0gmnd3r92eza

Жители од Кисела Вода повторно без вода: „Истата цевка пука веќе 14 години“

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања