Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Куршумите ги криеле во вентилацијата на автобусот на „Дурмо турс“ меѓу пакувања кафе, уапсени две лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-libraryq8tfpn84v0p70UK3gLV

Мобилен царински тим при Одделението за оперативни работи откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце.

— реклама —

„Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата.

Досега против двајца осомничени кои беа лишени од слобода, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.

Делото е откриено на 26ти месецов кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на Дурмо Турс кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар.

Царинската управа продолжува со засилени активности за заштита на безбедноста на граѓаните“, информираат од Царинската управа.

— реклама —
media-library9q5u4gjaeq8pdlU1o0U media-library736hqs04r93c9znKlmA media-libraryepcsfka63kn75G8FFjA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

durmo-1

Во автобус на „Дурмо турс“ на граница пронајдени 600 куршуми

Македонија | пред 7 часа

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

Македонија | пред 2 месеци

nesreka-prvi-momenti

Дурмиш Белули денеска има закажано операција: Газдата на „Дурмо турс“ повторно бара одложување на затворската казна

Македонија | пред 3 месеци

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Поради кила на тестистите, обвинетите за Ласкарци и по пет месеци уште не стапнале во затворската ќелија

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања