Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

По две операции на тестиси и неколкумесечни одложувања поради здравствена состојба, сопственикот на превозната компанија Дурмо турс, Дурмиш Белули денеска се јави на издржување на затворската казна во КПУ Идризово.

— реклама —

Белули треба да издржи 10 години затвор, казна изречена за тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а повеќе од 30 патници беа повредени, откако се преврте технички неисправен автобус на компанијата.

Извршувањето на казната беше одложувано повеќепати поради здравствени причини. Последното одложување беше одобрено на почетокот на декември 2025 година, кога Белули достави медицинска документација за потреба од дополнителна хируршка интервенција, по претходна операција извршена во октомври истата година. Одлуката важеше до средината на декември.

— реклама —

Во меѓувреме, второосомничениот за истата несреќа, Ремзи Мифтари, одговорен за возниот парк на компанијата, не се јави на издржување на казната и е во бегство. По неговото исчезнување е распишана потерница. И Белули и Мифтари добија правосилни пресуди на 9 мај 2025 година, кога Апелациониот суд Скопје им ги зголеми затворските казни — на Белули од четири на 10 години, а на Мифтари од шест на 10 години затвор.

Судијата што го водеше предметот претходно изјави дека лично извршил проверка во здравствената установа каде што бил лекуван Белули и разговарал со лекарот што ја извршил интервенцијата, при што било потврдено дека операцијата била медицински неопходна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryi7u3pngd9sfe27C8Lrh

Осуденик од Штип со тешки повреди откако го натепале во кумановскиот затвор

Македонија | пред 2 месеци

media-librarypttrn4til086cc9x41v

Фатон Љури е казнет со 11 години затвор за смртта на Југослав Николовски на кејот на Вардар

Македонија | пред 2 месеци

vasil-j

Апелација пресече, 13 години затвор за Јованов, кој ја прегази Фросина

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања