Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Скандал во затворот во Осиек: Управник пријавен за сексуално вознемирување на вработена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Балкан
media-librarypg58k66rfa853j124NK

Управникот на затворот во хрватскиот град Осиек е пријавен за сексуално вознемирување од страна на своја колешка, а полицијата спроведува истрага за случајот.

— реклама —

Според пријавата, инцидентот се случил изминатиот викенд, за време на службена прослава организирана по повод заминувањето на еден од вработените во затворот. Во еден момент, управникот наводно ја фатил својата подредена за задникот. Жената тврди дека тој ја искористил околноста што и двајцата биле под дејство на алкохол.

— реклама —

По настанот, управникот инсистирал да ја одвезе вработената до дома. Таа им се пожалила на колешките, по што уште истата вечер го пријавила случајот во полиција. Пријавата ја повторила и следниот ден, кога веќе не била под дејство на алкохол. Поплака за неговото однесување била доставена и до Управата за затворски систем.

— реклама —

Од Полициската управа осиечко-барањска за медиумите потврдиле дека по добиената пријава се спроведува криминалистичка истрага.

— реклама —

Според неофицијални информации на хрватскиот портал „Индекс“, управникот подоцна се обидел да влијае врз вработената и да ја натера да ја повлече изјавата, притоа повикувајќи се на своите добри врски во полицијата. Наводниот притисок бил снимен, а снимката била доставена до полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8qh2v7fjvq7p9Qbj48B

(Видео) Затвореници од Шутка пријавиле дека биле натепани од Единицата за интервенции на затворската полиција, еден од нив однесен и во болница

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-library48skktc9rirhdbt1YFF

На Диди повторно му ја намалија затворската казна

Магазин | пред 4 месеци

idrizovo-ambulanta

Затвореник од Идризово ја доби Македонија пред Стразбур: судот утврдил дека бил тепан од чувар пред кантина, а истрагата била неефикасна

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryth2ecknbhv387bhWagR

Газдата на „Дурмо Турс“ конечно се појави во затвор да издржи 10 години по трагедијата кај Ласкарци и низа одлагања

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања