Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Мадуро објави фотографии од затворот во Њујорк: „Остануваме цврсти“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро објави две досега невидени фотографии од притворот во Њујорк, со порака дека и понатаму останува непоколеблив.

На една од фотографиите Мадуро е облечен во сива тренерка и изгледа послабо отколку во јануари, кога беше уапсен заедно со сопругата Силија Флорес и префрлен во САД по американска воена операција.

— реклама —

Фотографиите, според временската ознака на уредот со кој биле направени, датираат од 25 јуни. Мадуро преку својот профил порачал дека фотографиите ги испраќа како подарок за своите внуци, деца и луѓето што го поддржуваат.

„Сакам да знаете дека сме цврсти“, напишал Мадуро, додавајќи дека нивните срца се исполнети со љубов и оти „Венецуела повторно ќе се роди“.

— реклама —

Пораките беа објавени два дена откако вршителката на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, постигна договор со САД за експлоатација на нафтените наоѓалишта во земјата.

— реклама —

Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во затвор во Бруклин и се соочуваат со обвиненија за нарко-тероризам, заговор за увоз на кокаин и поседување воено оружје. Двајцата ги негираат обвиненијата, а судењето е закажано за 1 јуни 2027 година.

— реклама —

Според извор близок до поранешниот венецуелски лидер, Мадуро во затвор нема пристап до весници или интернет, но може да разговара по телефон со семејството и адвокатите околу 300 минути месечно, со ограничување од 15 минути по повик.

Неговиот син Николас Мадуро Гера, познат како Николасито, изјавил дека неговиот татко е во добра состојба и дека времето го поминува во проучување на Библијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

Најмалку осум загинати во серија пукотници во САД за време на Ноќта на вештерките

Свет | пред 15 часа

— реклама —
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Како изборите во САД можат да ја променат американската поддршка за Украина?

Свет | пред 15 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 1 ден

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања