Додека Град Скопје работи на решавање на проблемот со загадениот воздух, граѓаните на главниот град се гушат.
Веќе подолг период мерните станици во најзагадените општини не покажуваат информации за концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот.
Сето тоа создаде паника кај граѓаните кои на социјалните мрежи објавуваат слики каде може да се забележи големата загаденост.
https://www.facebook.com/maja.kondeva/posts/2242678322411207
Најзагадено е во Центар каде што во моментов загаденоста изнесува 113 ПМ честички во воздухот.

